“Визијата на секторот животна средина и климатски промени е да се насочи земјата кон поурамнотежен развој, преку превенција и воведување на концептот на одржлив развој, а токму руралните жени го имаат истенченото чувство да се прилагодат на промените, да бидат отворени и да прифаќаат нови и подобри практики.
Поголемата вклученост на жените од руралните заедници во носењето одлуки и справувањето со климатските промени не е само прашање на родова еднаквост – тоа е прашање на опстанок”, истакна министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова на денешното одбележување на Меѓународниот ден на жената од руралната средина, во организација на Мрежата за рурален развој на Република Северна Македонија, со поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и ГИЗ, со цел подигнување на свеста и обединување на руралните жени за нивната важна улога во локалните заедници и општествениот развој.