При денашната посета на општина Гевгелија министерка за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари работна средба со градоначалникот Андон Сарамандов на која разговараа за состојбите во животната средина во општината. Градоначалникот Сарамандов зборуваше за тековните проекти и планирани активности, како и за предизвиците со кои се соочува општината.
Министерката Шукова информираше за процесите за реализација на двата заеми, едниот за регионално управување со отпадот, а другиот за водоснабдителни системи, системи за одведување и пречистување на отпадни води и нивата достапност за локаните самоуправи вклучително и за Гевгелија. Исто така, министерката информираше и за достапноста на другите Програми на Министерството преку им се овозможува поддршка на општините.
Се разговараше и за функционалноста на пречистителната станица во Гевгелија, за можноста и исплатливоста од поставување на фотоволтаици за снабдување со енергија на пречистителната станица, како и за завршување на процесот на затварање на општинската депонија.
По средбата министерката Шукова и градоначалникот Сарамандов излегоа на терен и ги посетија двете локации.