Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска оствари средба со градоначаникот на Општина Чучер – Сандево, Сашко Комненовиќ.
Во фокусот на разговорот беа активностите за имплементирање на мерки на локално ниво кои ќе помогнат за подобрување на состојбата со отпадот и можностите за понатамошен забрзан развој на општината.
На средбата, министерката Шукова истакна дека Министерството за животна средина и просторно плaнирање ќе даде конкретна поддршка за реализација на квалитетни и одржливи мерки и активности за унапредување на постојната состојба со животната средина во општината Чучер – Сандево.
Од состанокот произлезе заклучок дека заедничката соработка помеѓу институциите на национално и локално ниво е клучна за имплементација на одржливи, навремени и координирани активности кои ќе придонесат за поздрава животна средина и поквалитетен живот на сите граѓани во општината, но и за одржлив развој на самата општина.