Денес, во просториите на МЖСПП, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки оствари работна средба со Клиф Хамер, регионален советник за инфраструктура и животна средина при швајцарската амбасада.
На средбата беа разменети информации за досегашната соработка на двете држави во областа на заштитата на животната средина.
Во разговорите акцент беше ставен на заедничките проекти за заштита на природата и водите кои во изминативе години успешно се реализираа и донесоа видливи резултати.
Разговорите се водеа и во насока на проширување на соработката преку финансирање на нови проекти од страна на Швајцарската Конфедерација како и соработка на други полиња поврзани со заштитата на животната средина.