На 4-тиот состанок на Заедничкиот управен комитет за спроведување на Рамка за соработка за одржлив развој на Обединетите нации за период од 2021-2025 година, беа презентирани резултатите од спроведувањето на Рамката во 2023 година, заедно со заедничкиот работен план за 2024 година, а се дисутираше и околу следните чекори за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој 2026 – 2030.
Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска истакна дека градењето на климатски отпорни заедници преку обезбедување на раст и развој со ниски емисии на јаглерод треба да е приоритет на глобалната политика и дека се очекува во следниот периодот, придонес на телата на ОН во насока на заштита на медиумите во областа на здрава животна средина.
– Тоа ќе се реализира преку поддршка на политиките, градење капацитети и активности на заедницата за развој со ниски емисии и мултисекторска отпорност на климатските промени, одржливо и инклузивно управување со природните ресурси, превенција и одговор на заканите од загадувањето на воздухот, ефективно намалување на ризикот од катастрофи, намалување и ефикасно управување со отпадот и намалување на влијанието на неодржливите земјоделски практики врз сливните подрачја, истакна Оџаклиеска во своето обраќање.
Според неа, исполнувањето на глобалните климатски барања претставува значаен предизвик за земјите кои имаат цел да станат дел од европското семејство, а затоа неопходни се инвестициИ во инфраструктурата, создавање политички врски на високо ниво, стимулирање на младинска размена, како и развивање на интегрирани решенија и систематски пристап за да им се помогне на земјите во развој.
На состанокот, воведно обраќањe имаше постојаната координаторка на ОН во Република Северна Македонија, Росана Дуџиак.