(05.02.2018г.) На промотивниот настан на проектот „Зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на европското законодавство во областа на заштитата на природата“ што денеска се одржа во Скопје, беа презентирани очекуваните придобивки од проектотза природа во Македонија, а притоа беа претставени и пилот регионите на Националниот Парк Пелистер и Споменикот на природата – Преспанското Езеро,.
– Проектот отвора можност да се пренесат искуствата од државите членки на ЕУ (Финска и Литванија) во процесот на планирање и управување со заштитените подрачја и идните Натура 2000 подрачја и вршење на мониторинг на биодиверзитетот, согласно препораките на ЕУ директивите за живеалишта и птици – изјави директорот на Управата за животна средина, Билјана Зефиќ во своето воведно обраќање.
Проектот се реализира во периодот од 18.11.2017г. – 17.8.2019г. и е насочен кон две пилот заштитени подрачја и потенцијални Натура 2000 подрачја во Македонија, Националниот Парк Пелистер и Споменикот на природата – Преспанското Езеро, Целта е да се зајакнат административните капацитети на Министерството, односно на Управата за животна средина и Секторот за природа, за спроведување на европското законодавство во областа на заштитата на природата, преку унапредување и спроведување на регулативата, спроведување на обуки и законодавството кое се однесува на заштитата на природата.
На настанот се обратија и раководителот на секторскиот оперативен оддел 2, во Делегацијата на Европска Унија, Вирве Вимпари и вршителот на должноста амбасадор на Финска во РМ, Пеиви Алатало.
Проектот го реализира Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Финскиот институт за животна средина, Паркови и диви животни на Финска и Државна служба за заштитени подрачја од Литванија.