Претставници од младинската организација Младински образовен форум беа во едукативна посета на Министерството за животна средина и просторно планирање, кое континуирано ја спроведува во пракса својата определба за транспарентно и отворено работење.
Посетата е во врска со реализација на регионалниот проект „Регионалната програма за студенти/млади истражувачи“, што Младински образовен форум ја организира во партнерство со Центарот за наука и иновации за развој од Албанија и Младинската иницијатива за човекови права од Србија, и кој е поддржан од Фондацијата Отворено Општество.
Гостите информираа за активностите и истражувањата што ќе се реализираат во рамки на проектот, за плановите за застапувања што ги подготвуваат младите истражувачи од С.Македонија, Сребија и Албанија под менторство на искусни истражувачи, додека од страна на МЖСПП беа споделени активностите во врска со изработката на Националниот акциски план за Зелената агенда, согласно насоките на регионалната Софиска декларација за Западниот Балкан и нејзиниот акциски план.
Взаемно беше констатирано дека соработката ќе треба да продолжи и понатаму во текот на реализацијата на проектот.