Денеска, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари работна средба со градоначаникот на oпштина Ресен, Јован Тозиевски.
На средбата се разговараше за продлабочување на соработката во областа животна средина, како и поддршка во реализација на активности што ќе помогнат за здрава животна средина на сите граѓани во општината.
Во рамките на средбата се потпиша и Договор за изградба на главен и секундарен цевковод за фекална канализација од н.м. Јанковец до градот Ресен, финансиран од Програмата за инвестирање во животната средина за 2023 година.