На денешната средба на министерот Нуредини со амбасадорот на Австрија Георг Вуцас се разговараше за поддршката што Австрија може да и даде на нашата државата во областа животна средина, особено преку споделување на искуства и добри практики, но и преку техничка помош во подготовка на проектната документација за искористување на средствата од ИПА 2 програмата.
Сепак, фокусот на разговорот беше на претстојната официјална посета на министерот Нуредини на Австрија планирана за месец декември годинава. При оваа официјална посета планирана е средба со федералната министерка за климатска акција, животна средина, енергија, мобилност, иновации и технологија Леоноре Гевеслер, на која ќе предходат експертски состаноци на темите управување со отпад и техничка помош за законодавството од Поглавје 27 за животна средина. Во рамки на посетата ќе бидат организирани и средби со австриски компании за производство на енергија и инфтраструктура за управување со отпад и отпадни води.