Министерот Нуредини денес оствари средба со амбасадорката на Кралство Шведска, Н.Е. Кристин Форсгрен Бенгтсон и раководителот за развојна соработка Микаел Атерхог.
Соговорниците дискутираа за остварените резултати од континуирана поддршка од Владата на Кралство Шведска преку Шведската Агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA), преку долгорочни, системски и одржливи решенија, особено во областите на квалитет на воздух и управување со отпад, како и за потребата од дополнителен поттик и ангажман на двете страни за претстојниот период во постигнување на солидна имплементација на ЕУ регулативата за животна средина и клима.
Министерот Нуредини упати благодарност за досегашната поддршка на Кралство Шведска, особено во делот на мониторинг на квалитет на воздух преку реализирана набака на нови мерни инструменти со кои се заменија дел од застарените, со што се овозможи функционалност на сите мониторинг станици за квалитет на воздух низ државата, пред грејната сезона.