Министерот Нуредини се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Емилио Лоренцо Сера, по повод завршување на неговиот мандат во нашата држава.
Амбасадорот во заминување потврди дека континуираната поддршка и продлабочување на соработката од областа животна средина од страна на шпанската Влада во евроинтегративниот процес на РСМ ќе продолжи и понатаму.
Министерот Нуредини изрази благодарност за досегашната комуникација, дипломатска активност и поддршка во изминатите години, особено во делот на климатските промени и третманот на отпадните води.