Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на Италија Андреа Силвестри. На средбата, министерот Нуредини го запозна италијанскиот амбасадор со тековни активности и приоритетите на Министерството во наредниот период при што посебно ги нагласи низата измени на законите кои ја регулираат областа со кои целиме кон постигнување на повисоки европски стандарди во заштитата на животната средина.
Од друга страна, амбасадорот Силвестри, ја реафирмираше поддршката што Италија и ја дава на нашата држава и искажа подготвеност за продлабочување на соработката, особено во областа на управувањето со отпадот и заштита на природата, но и генерално во поддршката за спроведување на ЕУ интегративните процеси.