(11.12.2017) Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки оствари работна средба со амбасадорот на Република Италија во Македонија, Н.Е. Карло Ромео.
На средбата се разговараше за досегашната одлична соработка меѓу двете држави во сферата на заштита на животната средина и можностите за продлабочување на истата, а истовремено, двете страни истакнаа дека приоритетна ќе биде реализацијата на проекти од областите управување со отпад и со водни ресурси.