Пред официјалното учество на 23-та Конференција на страните на Рамковната конвенција на ООН за климатски промени (COP23), заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули денеска, оствари работна средба со заменик амбасадорот на Република Полска, во Р. Македонија, Вероника Станиец – Порцик.
Средбата беше одржана по повод учеството на Р. Македонија на овогодинешната Конференција COP23, при што беше договорена потесна соработка со Република Полска, која ќе биде домаќин на наредниот COP.