Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки присуствуваше на работната средба на Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија (СКСЗМ) со претседателот на Владата Зоран Заев и претставниците на економските ресори во Владата на Република Македонија.
На оваа заедничка средба се дискутираше за реформските економски политики, за предвидените економски мерки, како и за проблемите со кои се соочува бизнис заедницата во овој регион. Средбата имаше за цел, пред се, да ја подобри комуникацијата меѓу претставниците на Владата и реалниот сектор, т.е. компаниите и на тој начин да овозможи создавање на подобра бизнис клима, побрз економски раст и развој и еднакви пазарни можности за сите во регион.
На средбата присуствуваа и извршниот директор на СКСЗМ Дрилон Исени, претседателот СКСЗМ Неби Хоџа, премиерот Зоран Заев и вице премиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.