СООПШТЕНИЕ ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА ВАЖЕЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО

Почитувани,

Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за следење на квалитет на воздух на ден 28.12.2017г., среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 200 mg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје, на мерните места Лисиче и Ректорат.Мерките донесени согласно заклучоците од Нацрт – записникот од 40та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, прекинуваат да важат.