Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 200mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерното место во Струмица.
Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.
Струмица | |
27.01.2018 | 210.84 |
28.01.2018 | 212.12 |
*концентрациите се изразени во mg/m3