(21.02.2016г) Mинистерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири оствари работна средба со Франк Ведеркен, регионален советник за вода и животна средина и Франсис Саламе од Државниот секретаријат за економски работи на Швајцарија (SECO).
На средбата се разговараше за реализацијата на тековните проекти и соработката што ја има Министерството за животна средина и Швајцарската влада особено во секторот води и природа. Посебен акцент беше ставен на Стратегијата за соработка во заштита на животната средина 2017-2020 што треба да се изработи од страна на SECO.