Во павилионот на Европската Унија во рамки на Светскиот конгрес за конзервација на природата во Марсеј, беше организиранс посебна сесија посветена на националниот парк Шар Планина, како дел од Европскиот зелен појас.
Министерот Насер Нуредини ги сподели плановите за ова ново заштитено подрачје и предизвиците во прогласувањето на првиот национален парк во земјата по преку 60 години, со што се создаде најголемото прекугранично заштитено подрајче во Европа.
„Македонскиот дел од Шар Планина е во срцето на оваа прекугранична заштитена област и беше последната алка од балканскиот дел на Европскиот зелен појас со која го обезбедуваме опстанокот на исклучителни ендемични видови. Заедно со останатите природни убавини и заштитени подрачја, Република Северна Македонија се претвора во топ дестинациите за еко-туризам со огромен потенцијал за одржлив развој“, сподели Министерот Нуредини со публиката.