Државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање, Неби Реџепи, учествуваше на состанокот на високо ниво за Конвенцијата за оцена на влијанието врз животната средина во прекуграничен контекст и нејзиниот Протокол за стратегиска оцена на животна средина, одржан во Женева на 14 и 15 декември, 2023 година.
Во своето обраќање, тој истакна дека Северна Македонија, со прифаќањето на Зелената агенда, е посветена кон поттикнување на одржливо поврзување преку еколошка инфраструктура. Во согласност со Конвенцијата ESPOO, обезбедуваме и бараме строга прекугранична проценка на влијанието врз животната средина, што е пример за нашата посветеност кон позелена и поодржлива иднина.
„Нашите еколошки политики се јасно определени со европското законодавство за животна средина. Нашата цел е една и единствена – полноправно членство во Европската Унија“, нагласи Државниот секретар.