(06.09.2016) Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, денеска во хoтелот “Холидеј ин”, ја отвори завршната меѓународна работилница за адаптација кон климатските промени. Работилницата се организираво рамки на ЕCRAN мрeжата, која ги опфаќа сите балкански држави кандидати или потенцијални кандидати за членство во ЕУ и Турција и е финансирана преку TAEIX инструментот на ЕУ. На истата беа разменети досегашните искуства помеѓу балканските држави за адаптација кон климатските промени, но и за планирање, координирање и спроведување на националните политики за нивна реализација.
Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски по тој повод изјави:
– “При планирање на развојот во нашите најранливи сектори на климатските промени: водните ресурси, биолошката разновидност, земјоделието, шумарството, туризмот, културното наследство, здравјето на луѓето, мора да се има предвид и аспектот на идните потенцијални промени на климата како Интерсекторски влијанија. Аспектот на фискалните импликации на акциите кои вклучуваат во себе мерки за обезбедување на поголема отпорност кон климатските промени, треба да е критериум во оценка на физибилноста на предложените мерки. За сето ова да функционира на одржлив начин, потребен е мултисекторски пристап и научно засновано донесување на „умни“ политички одлуки и водење политики во оваа област. Примената на принципот на широко учество на сите засегнати страни во донесувањето одлуки е неопходно за правилното одлучување и обезбедување одржливост во развојот. Во таа насока, приоретизацијата на потребите е суштествена категорија, која сметаме дека ќе ja реализираме со Долгорочната стратегија за климатска акција, што ќе ја подготвиме со поддршка и соработка на ЕУ”.
Проектот е инициран од Министерството за животна средина и просторно планирање, во рамките на ИПА и е имплементиран од ENVIROPLAN S.A. (лидер) со своите конзорциумски партнери LOUIS BERGER, BiPRO GmbH, EPEM S.A., SLR Consulting Ltd.