Министерот за животна средина и просторно планирањеНасер Нуредини денекс оствари официјална средба и со амбасадорката на Кралство Шведска, Н. Е. Кристин Форсгрен Бенгтсон и координаторот за развојна соработка на Шведската Агенција за меѓународна соработка (СИДА) Микаел Атерхог.
На средбата се дискутираше за процесот на подготовка на повеќегодишна стратегија од страна на Шведската Агенција за меѓународна соработка, како и вградување на приоритетни области од полето на заштита на животната средина и клима во овој документ.
Имено, министерот Нуредини ги реафирмираше приоритетните области како што се дигитализација на администрацијата во МЖСПП (електронски апликативно министерство), управување со отпадот во контекст на локален развој и загадување на воздухот.