Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, оствари работна средба со директорката на Агенција за планирање на просторот Андријана Андреева на која се дискутираше за изработката на законската регулатива за просторното планирање и динамиката на изработка на новиот Просторен план на Република Северна Македонија.
Состанокот беше во функција на забрзување на процесите за изработка на Законот за просторно планирање и Просторниот План на РСМ со поголема соработка помеѓу Министерството и Агенцијата, како и изнаоѓање на попрактични решенија во функција на забрзување на постапките.
На средбата присуствуваа и заменик министерката Христина Оџаклиевска, државниот секретар Неби Реџепи и представници од двете институции.