(08.09.2019г.) Под мотото „Боите на независноста“ во недела од 11 до 14 часот кај Школка во Градскиот парк во Скопје, се одржа прослава по повод 8 Септември – Денот на независноста.
Министерството за животна средина и просторно планирање по повод прославата на 8 Септември – Денот на независноста на својот штанд постави пункт за собирање на искористени батерии, а сите вљубеници во чистата животна средина кои донесоа најмалку 5 батерии, Министерството им додели пригодни еко подароци.
На настанот присуствуваа и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, заменик министерот Јани Макрадули и државниот секретар во МЖСПП Ана Петровска, кои заедно со премиерот Зоран Заев на штандот на МЖСПП оставија искористени батерии, за кои добија еко подароци.
Прославата по повод 8 Септември – Денот на независноста, беше во организација на Владата на РСМ а на истата присуствуваа и повеќе дипломатски претставници акредитирани во нашата држава, членови на Владата и голем број на граѓани.