На денешниот настан за промовирање на новата четиригодишна програма за соработка меѓу Швајцарија и Северна Македонија 2021 – 2024 година, како претставник на МЖСПП присуствуваше и се обрати државниот секретар Каја Шукова. Откако и се заблагодари на Владата на Швајцарија за добрата соработка и поддршката во изминатите години Шукова изјави:
– Ќе продолжиме да работиме заедно во поддршка на управувањето и зачувувањето на природните ресурси во Северна Македонија како едно од најазначајните полиња на соработка во Швајцарската програма за соработка, со акцент на поддршката за еколошката политика, генерирање на знаење, развој на капацитет и техничка помош, како и подигање на јавната свеста. Се надеваме дека швајцарските грантови за инвестиции во инфраструктурата ќе имаат за цел подобрување на оперативните перформанси на јавните комунални претпријатија и воведување нови и иновативни технологии.
Како успешни примери од досегашната соработка Шукова ја спомена изградбата на пречистителните станици за отпадни води во Гевгелија и во Кочани, Програмата за зачувување на природата во Република Северна Македонија, управување со поплави, активности за воспоставување на регионален ситем за управување со отпад во Полошкиот регионот и сл.
Швајцарската Програма за соработка 2021 – 2024 може да се прочита тука