Државниот секретар во министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, денеска одржа работен состанок со проектниот советник за балканската канцеларија на Јапонска агенција за меѓународна соработка – JICA (Japan International Cooperation Agency), Нишијама Етсју, на кој се разговараше за две иницијативи за соработка со Северна Македонија од областа животна средина.
Првата иницијатива се однесува за проект кој се реализира врз основа на апликација што РСМ ја поднесе до JICA за финансирање на санацијата на колекторскиот систем на Охридското Езеро.
Втората иницијатива е за Програмата за соработка за знаење на JICA која се однесува на доусовршување и повисок степен на образование за вработените во државната администрација.
Државниот секретар Шукова се заблагодари за посветеноста и континуираната поддршка од јапонската агенција при реализација на проекти и програми од областа животна средина, изразувајќи желба за продолжување на соработката и размена на искуства меѓу двете држави.