Продолжува акција за чистење на диви депонии – Македонија без отпад 2016

(29.10.2016г.) Продолжуваат акциите за чистење на неправилно одложениот комунален отпад во повеќе општини во држвата кои се спроведуваат во рамките на кампањата „Македонија без отпад 2016“ во координација на Министерството за животна средина и просторно планирање, а во соработка со општините, Градот Скопје и со другите државни институции.

Акции за чистење на диви депонии, согласно Акциониот план се предвидени и во следниве пилот општини:

– општина Босилово

– општина Тетово

– општина Градско

– општина Дебар

– општина Крушево

– општина Маврово и Ростуше

– општина Ново Село

– општина Ресен

– општина Росоман

– општина Сарај и

– општина Арачиново

 

Министерството за животна средина и просторно планирање очекува преку вакви конкретни теренски активности значително да се подобри состојбата со непрописното одложување на отпадот, намалување на неговото штетно влијание и локализирање на депониите со цел полесна контрола на истите, до формирањето на регионалните депонии. По расчистувањето на сите локации, согласно Законот за управување со отпад, ќе следи и нивна ремедијација (озеленување, уредување) со што не само што ќе се оплемени животната средина тука ќе се подигне и јавната свест за потребата од соодветно одложување на отпадот. Во оваа прва фаза покрај општините и нивните комунални претпријатија, активно се вклучени Дирекцијата за заштита и спасување, Македонија Пат и Македонски Шуми, колективните постапувачи со отпад и локалната бизнис заедница.