Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 08.02.2024, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 µg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Струмица.
Со тоа мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат.