Денеска се одржа видео настан за првична презентација на првата работна верзијана Законот за климатскa акција и работните верзии на подзаконските акти, подготвени од страна ЕУ финансираниот проект „Подготовка на долгорочна стратегија и закон за климатска акција“.
На презенетацијата присуствуваа претставници на релевантни министерства, јавни институции, граѓанскиот сектор и други засегнати страни кои се занимаваат со аспекти поврзани со климатски промени и климатска акција.
Целта на презентацијата е да се обезбедат сеопфатни информации за содржината и опфатот на работната верзија на Законот за климатска акција и работните верзии на подзаконските акти изработени од страна на Проектот (согласно проектната задача),да се обезбеди преглед на моменталната состојба на транспонирање и имплементација во земјата, како и да се информира за најновите достигнувања на климатската политика на ЕУ.
Покрај тоа, презентацијатаобезбеди платформа за дискусија и размена на гледишта за зајакнување на климатските активности во Република Северна Македонија. Добиените повратни информации ќе се користат како основа за понатамошни измени и дополнувања на работните верзии на законските акти од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.