(11.09.2019 г.) Денес министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети остварија средба на која беше потенцирана важноста за интензивирање на активностите за заштита на животната средина.
При тоа, фокусот на разговорите беше на аерозагадувањето. Министерот Нуредини особено ја нагласи опасноста од палењето на стрништата што влијае не само на квалитетот на воздухот, туку е и голема опасност за предизвикување на поголеми пожари што негативно влијааат на луѓето, на целиот растителен и животински свет, но и на животната средина во целата нејзина комплексност.
Исто така, се разговараше и за статусот на тековните проекти и можноста за нивното подобрување.