На денешниот состанок со делегацијата на Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП) од проектната канцеларија во Виена предводена од Соња Геберт со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и претставници на МЖСПП беше потврдена плодната сработка меѓу овие две институции, а се разговареше и за статусот на реализација на тековните проекти и плановите за идните заеднички активности.
Се разгледа имплементација на проектот „Промовирање на одржливо управување со земјиштето преку зајакнување на правната и институционална рамка, градење капацитети и реставрација на најранливите планински предели и подобрување на управувањето со заштитените подрачја“ имплементирана во Северна Македонија и разговараше и за проектот што допрва треба да започне „Зајакнување на капацитетот и знаењето за примена на интегриран пејзажен пристап за постигнување неутралност за деградација на земјиштето и целите за биолошка разновидност во Шар Планина во Северна Македонија“.
Акцент во разговорите беше ставен на координација и дефинирање на агендата за посета на генералниот потсекретар на Обединети нации и извршен директор на УНЕП Ингер Андерсен, која од 31 мај до 1 јуни ќе престојува во работна посета на нашата држава.
Оваа е прва посета на висок претставник на УНЕП во нашиот регион и е одговор на поканата упатена од страна на нашата делегација за време на учеството на 15-тиот состанок на Конференцијата на страните на Конвенцијата на ОН за биолошка разновидност (CBD COP15) во Монтреал.