Постер „Како да собираме диви растенија и нивни делови“

POSTER-MKDИнформирајте се како правилно да собирате диви видови растенија и нивни делови бидејќи овие ресурси не растат во неограничени количини и нивна најголема закана е прекумерното и неконтролирано собирање. Нивната одржлива употреба е од клучно значење за зачувување на биолошката разновидност во државата.

Постојат научни податоци за лековитите или ароматични својства за околу 700 видови, а од нив 220 видови се користат во нашата традиционална медицина. 75-80% од лековитите растенија и бобинки во Северна Македонија, како и во повеќето балкански земји, се собираат од дивината.

Едукативниот материјал е подготвен во рамките на проектот „Постигнување на заштита на биолошката разновидност преку воспоставување и ефикасно управување со заштитените подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање на користење на земјиштето“, финансиран од Глобалниот фонд за животна средина, а имплементиран преку Програмата за животна средина на ОН и Министерството за животна средина и просторно планирање. Локален партнер и поддршка во споведувањето на активностите поврзани со недрвните шумски производи е Фондација информација и заштита на природата,Подружница во РС Македонија,  www.ecologybg.com

#ГрижливоСобираме