На денешната средба на министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова и претставници од Шкотската Влада се дискутираше за Националната развојна стратегија и нејзината поврзаност со просторното планирање и регионалниот развој.
Експертите од Шкотската Влада ги споделија своите позитивни икуства и примери при изработката на Националната рамка за просторно планирање на Шкотска која ги опфаќа проблемите, можностите и придобивките за целата земја. Тие укажаа на потребата од учество на сите засегнати страни во процесот на изработка на стратегијата, имајќи ја во предвид еднаквоста и можноста за сите, како и остварување на долгорочен интерес, визија и цел.
Министерката Шукова ја истакна потребата од партиципативен пристап на сите засегнати страни при процесот на изработка на Националната развојна стратегија и поврзаност на истата со просторното планирање.
Националната рамка за просторно планирање на Шкотска се однесува до 2045 година, што е голема одговорност за идните генерации и визијата на Шкотска, за да се креира подобро место на живеење за сите.