Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари средба со заменик раководителот на Мисијата на Обединетото Кралство во република Северна Македонија, Јулија Смит, на која се разговараше за импресиите и искуствата од завршената Конференција на страните кон Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, која се одржа минатиот месец во Дубаи, ОАЕ.
На состанокот министерката Шукова информираше за активностите на македонската делегација на конференцијата и за следните активности во насока на исполнување на заклучоците од конференцијата.
Заеднички беше констатирано дека справувањето со климатските промени и грижата за здрава животна средина претставува предизвик за сите и дека тоа побарува активности во многу меѓусебно поврзани сектори, како и високо ниво на свест, за што ќе продолжи и ќе се продлабочи соработката.