Министерот Нуредини одржа состанок со Нарине Сахакијан постојан претставник на УНДП во нашата државата, Клиф Хамер регионален советник за инфраструктура и животна средина при Швајцарската амбасада како и со други претставници од институциите на кој се разговараше за проектот за подобрување на отпорноста кон поплавите во Полошкиот регион.
Проектот е финансиран од Швајцарската агенција за развој (SDC) и Државниот секретаријат за економски работи на Швајцарија (SECO). Меѓу другото, како клучни проекти беа истакнати проектите за Шипковица и Боговинска Река.