Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска учествуваше на настанот „Подршка на земјата за унапредување на Едно здравје против антимикробната резистентност во Западен Балкан“, организирана од страна на Европскиот центар за контрола на болести (ECDC) и подготвена со финансиска поддршка од страна на Европската Унија, со Министерството за здравство како водечка институција од Република Северна Македонија.
– Како дел од ланецот Едно здравје, кој треба заеднички да дејствува во насока на справување со антимикробната резистенција, како институција која е вклучена во мултисекторската комисија за контрола на антимикробната резистенција во државата од страна на Министерството за здравство, очекувам активно да придонесеме во изготвување на националната стратегија и акциски план – истакна заменик министерката Оџаклиеска во своето обраќање.
Според неа, за ограничување на појавата и ширењето на отпорни микроорганизми, неопходна е контрола и следење на загадувачките материи кои придонесуваат за развој на антимикробната резистентност, следење на нивното влијание врз екосистемите, поддршка на иновативен пристап во утврдување на интеракциите помеѓу микроорганизмите, растенијата, човекот и природата, инвестирање во кадар и финансиска поддршка за реализација на активности во оваа област.
На настанот се обратија и министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.