„Справувањето со загадувањето со воздухот бара кооперативен и ингегриран пристап на сите нивоа, на централната власт, локалните самоуправи, бизнис заедницата и граѓаните. Само така можеме да ја постигнеме целта што е од заеднички интерес, бидејќи сите дишеме ист воздух“ – истакна заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска на денешната прва сесија на Климатското собрание за справување со загадувањето во Скопје.
Проектот има за цел да ги обедини различните засегнати страни и да овозможи размена на мислења, ставови и предлог- решенија со цел да се иницира поефикасно мобилизирање на сите расположиви сили и знаења во решавање на еден од најголемите предизвици во главниот град на државата, аерозагадувањето.
Според Оџаклиеска, централната власт работејќи на усогласување на националното со европското законодавство, постигна виден напредок во регулирање на обврските и правта во областа, но се уште е предизвик неговата имплементација. „Законите мора да се применуваат и почитуваат“- додаде Оџеклиеска.
На настанот обраќање имаше и Трифун Костовски, поранешен градоначалник на Град Скопје, а вовед во темата на сесијата даде Горјан Јовановски, експерт во областа.
Климатското собрание на Скопје е проект на здружение на граѓани ЗИП Институт финансиран од Европската фондација за клима, Советот на Европа и Европската Унија.