Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска, оствари работна средба со посебниот советник за култура при Министерството за култура, Валентина Поцеска. На средбата се разговараше за надминување на проблемите околу управувањето со Охридскиот регион и примена на стратешките насоки за заштита на подрачјето. Почитувањето на препораките на УНЕСКО е неопходно за да се обезбеди одржлив развој на подрачјето и соодветна заштита на природното и културното наследство во регионот, за кој постои закана да се најде на листата на загрозени подрачја на УНЕСКО.
На средбата, Оџаклиеска и Поцеска се согласија дека е неопходна тесна соработка во насока на исполнување на препораките нотирани во извештајот на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО.