На 15 јули, 2019 година министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини одржа средба со Амбасадорот на Чешката Република Н. Е. Мирослав Томан.
Средбата беше во знакот на можност за размена на мислења и искуства, како и интензивирање на соработката во областа на животната средина.
Министерот Нуредини изрази почитување за можностите за идна соработка и размена на нашите мислења и искуства со Чешката Република, како и да добиеме корисни информации кои би им помогнале во остварување на нашите заеднички цели, земајќи ги предвид националните потреби.
Досегашната билатерална соработка помеѓу двете министерства, е започната од многу одамна и е институционализирана со потпишување на билатерален Протокол за соработка во областа на заштита на животната средина на 17 јуни 2004 год. во Прага, како резултат на долгогодишната соработка на експертско ниво. Протоколот ни дава одлична можност за двете страни за зголемување на нашите напори во насока на соработка на конкретни проекти имајќи ги предвид националните приоритети, управување со отпад, климатски промени, заштита на воздух и вода.
Исто така, Амбасадорот Томан и Министерот Нуредини изразија волја за спроведување на заклучоците од областа на животната средина кои беа констатирани за време на Втората Седница на Мешовитиот Комитет по билатералниот Договор за економска и индустриска соработка во примена помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Чешката Република, која се одржа во април оваа година во Скопје, на која двете министерства искажаа согласност за усогласување/ажурирање на приоритетните области за соработка во важечкиот Протокол за соработка во полето на заштита на животната средина од 2004 година или конципирање на нов билатерален документ за потпишување.