(10.09.2015г.) Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, заменик претседателот на Владата на РМ задолжен за спроведување на рамковен договор, Муса Џафери и градоначалникот на општината Гази Баба, Тони Трајковски, денеска присуствуваа на означување на почетокот на градежните работи на секундарната фекална канализациона мрежа на улиците 37 и 22 во н.м. Ченто.
Канализационата мрежа е со вкупна должина од 600 м,
Проектот е кофинансиран од страна на Министерство за животна средина и просторно планирање со 2,5 милиони денари, а општина Гази Баба ќе учествува во проектот со санација на улиците.