(21.07.2018) Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска заедно со министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки ја посетија општина Дебар.
Во рамки на посетата, тие остварија средба со градоначалникот на општината Ружди Љата, при што разговараа за тековните проекти во општина Дебар, за идните планирани активности, а беа разменети мислења и во врска со започнувањето на нови проекти кои би се финасирале од страна на ИПА Програмата согласно потребите на општината.
Вицепремиерот Османи изјави дека како главен преговарач за скрининг процесот со ЕУ токму денеска од Дебар го почнал карванот за европеизација на државата и општеството.
Сметам дека нема да остави индиферентен никого и ќе бидеме дел од таа консензуална желба на граѓаните да бидеме дел од ЕУ и НАТО, рече Османи.
По средбата во просторите на општината,владините претставници и градоначалникот извршија увид на новоизградените инфраструктурни проекти во Дебар.