Министерството за животна средина и просторно плнирање информира дека е објавена постапка за доделување на договор за јавна набавка за реконструкција на дистрибутивна мрежа на водоснабдителен систем во с.Матејче и водоснабдување на с.Слупчане – изградба на главна водоводна мрежа, општина Липково.
Проценетата вредност на проектот за реконструкција на дистрибутивна мрежа на водоснабдителен систем во с.Матејче изнесува 34.960.000,00 денари додека проценетата вредност за Изградба на главна водоводна мрежа во с.Слупчане изнесува 28.000.000,00 денари.
Вкупните средства во висина од 62.960.000,00 денариза двата проекти се обезбедени од Буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање за 2021 година.