Со одржување на работилница на тема: на „ Oдржливо користење на недрвни шумски производи (НДШП)”, која се одржува во рамките на STAR 5 проектот “Постигнување на зачувување на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитените подрачја и вклучување на биодиверзитетот во планирањето за управување со земјиштето (Компонента 3: Планирање на користење на земјиштето и вклучување на биолошката разновидност во главните текови)”денес во Скопје, министерството за животна средина и просторно планирање го одбележа 5 Јуни – Светскиот ден на животната средина.
Воспоставување на функционалана и одржлива заштита на животната средина и природата претставува приоритетна цел на МЖСПП. Токму поради ова, денес сите заеднички го одбележуваме 5 Јуни – Светскиот ден за животна средина. Одбележувањето на овој ден е нераскинливо поврзан со светската конференција за заштита на животната средина, организирана од Генералното Собрание нa Обединетите нациии, а одржана во Стокхолм во 1972 година. Главната порака од конференцијата, која и денес е актуелна е дека: “Само една единствена Земја има”. На оваа единствена земја живееме и тука треба да создадеме такви услови во животната средина, кои ќе овозможат благопријатно опстојување на сите видови животни и растенија кои ја населуваат нашата планета, како за сегашните така и за идните генерации.
-Нашата држава поседува исклучително природно наследство, преставено со големо богатство и диверзитет на видови, кои се карактеризираат со висок степен на ендемизам и реликтност. Разновидното геоморфолошко наследство, геолошките појави и хидролошките ресурси, како и пределски карактеристики, придонесуваат за исклучителните природни вредности. Креирањето на механизми и модели за одржливо користење на дивите растителни видови, односно на недрвните шумски производи е значајно и приоритено прашање во областа на заштита на природата. – изјави министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки во поздравното обраќање.
Во своето обраќање, Горан Личовски од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се заложи сите да се приклучиме во мисијата за одржување на разновидната и зачувана природа во државата, како основа за здраво и просперитетно општество.
Искра Стојанова, претставник на Програмата на ООН за животна средина, Канцеларија во Скопје ја потенцираше подршката што УНЕП и ја дава на МЖСПП во насока на исполнување на меѓународните обврски поврзани со зачувувањето на животната средина и природата додавајќи дека во согласност со овогодинешното мото за 5 Јуни – Светскиот ден за животна средина„ Заштитата на воздухот од загадување” заедно со колегите од Светската здравствена организација изработена е студија за „Влијанието на загадувањето на воздухот врз здравјето на луѓето” која се однесува на целиот регион, чии наоди дополнително ќе бидат промовирани.
Националната работилница за одржливо користење на недрвни шумски производи “Постигнување на зачувување на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитените подрачја и вклучување на биодиверзитетот во планирањето за управување со земјиштето”, се одржува во рамките на STAR 5 проектот кој е финансиран од ГЕФ и спроведуван од УНЕП, а корисник на резулатите е МЖСПП.
Организатори на настанот се Министерството за животна средина во соработка со Глобален Еколошки Фонд (ГЕФ), Програмата на Обединети Нации за животна средина УНЕП и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе (ЦНВП) Македонија.