ОГЛАС ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА УПРАВИТЕЛ СО ОТПАД

Врз основа на член 38-ѕ, став 2, од Законот за управување со отпадот „Службен весник на Република Северна Mакедонија“бр. 68/04, 71/04, 107/07, 102/08, 143/08, 124/10, 51/11, 123/12, 147/13, 163/13, 51/15, 146/15, 156/15,192/15, 39/16 и 63/16), Министерството за животна средина и просторно планирањераспишува:

 

О Г Л А С
ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА УПРАВИТЕЛ СО ОТПАД

 1. Секој кандидат кој се пријавува на огласот за полагање на стручен испит за управител со отпад треба да ги исполнува следните услови:

–          Да е државјанин на Република Северна Македонија;

–          Да има живеалиште во Република Северна Македонија;

–          Да има завршено најмалку VI степен вишо образование или високо образование со најмалку VII/1, односно диплома со најмалку 180 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС);

–          Со правосилна одлука да не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, сè додека траат последиците од забраната и

–          Да има најмалку 5 години работно искуство по дипломирањето во постапувањето со отпад и/или животната средина.

 

2. Кандидатот кој се пријавува на огласот за полагање на стручен испит за управител со отпад, треба да ги достави следните документи:

–          Барање за полагање на стручен испит во кое јасно ќе бидат наведени генералиите на кандидатот (име и презиме, број на телефон, е-мејл);

–          Државјанство (оригинал или копија) – за докажување на државјанството;

–          Лична карта (копија на увид) – за докажување на живеалиштето;

–          Диплома од соодветната област (оригинал или копија заверена на нотар);

–          Доказ за работно искуство по дипломирањето во постапувањето со отпад и/или животната средина;

–          Доказ дека со правосилна одлука не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, сè додека траат последиците од забраната

–          Доказ за уплатени средства како надоместок за полагање на стручен испит за управител со отпад – Уплатница ПП/50 на износ од 12.000 (дванаесет илјади) денари, уплатени на жиро сметка на Министерството за животна средина и просторно планирање, број 1210115202631 10,цел на дознака: полагање на испит управител со отпад, приходна шифра 718112, програма 1, подпрограма 10.

 

3. Потребните документи се поднесуваат во архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање, Плоштад Пресвета Богородица бр.3, кат 2.

4. Крајниот рок за пријавување за полагање на испитот е до 20.11.2019 година (среда).

5. Првиот дел од испитот се закажува на 26.11.2019 година (вторник) од 09.00-11 часот

6. Вториот дел од испитот се закажува на 27.01.2020 година (понеделник) од 15.30-17 часот.

7. Програмата за полагање на испитот како и сите материјали може да ги најдете на веб страната на Министерството

https://arhiva.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2014/10/programa-za-polaganje-na-strucen-ispit-za-Upravitel-so-Otpad.pdf

 

 

 

Министерството за животна средина
и просторно планирање