ОГЛАС ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА УПРАВИТЕЛ СО ОТПАД

Врз  основа  на  член  38-ѕ, став 2, од  Законот за управување со отпадот  „Службен весник на Република Mакедонија“ бр. 68/04, 71/04, 107/07, 102/08, 143/08, 124/10, 51/11, 123/12, 147/13, 163/13, 51/15, 146/15, 156/15,  192/15, 39/16 и 63/16), Министерството за животна средина и просторно планирањераспишува:

 

О Г Л А С
ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА УПРАВИТЕЛ СО ОТПАД

  1. Секој кандидат кој се пријавува на огласот за полагањена стручен испит за управител со отпад, треба да ги исполнува следните услови:

–          Да е државјанин на Република Македонија;

–          Да има живеалиште во Република Македонија;

–          Да има завршено најмалку VI степен вишо образование или високо образование со најмалку VII/1, односно диплома со најмалку 180 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС);

–          Со правосилна одлука да не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, сѐ додека траат последиците од забраната и

–          Да има најмалку 5 години работно искуство по дипломирањето во постапувањето со отпад и/или животната средина.

 

  1. Кандидатот кој се пријавува на огласот за полагање на стручен испит за управител со отпад, треба да ги достави следните документи:

–          Барање за полагање на стручен испит, во кое јасно ќе бидат наведени генералиите на кандидатот (име и  презиме, број на телефон, е-маил);

–          Државјанство (оригинал или копија) – за докажување на државјанството;

–          Лична карта (копија на увид) – за докажување на живеалиштето;

–          Диплома од соодветната област (оригинал или копија заверена на нотар);

–          Доказ за работно искуство по дипломирањето во постапувањето со отпад и/или животната средина;

–          Доказ дека со правосилна одлука да не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, сѐ додека траат последиците од забраната

–          Доказ за уплатени средства како надоместок за полагање на стручен испит за управител со отпад – Уплатница ПП/50 на износ од 12.000 (дванаесет илјади) денари, уплатени на жиро сметка на Министерството за животна средина и просторно планирање, број 1210115202631 10,цел на дознака: полагање на испит управител со отпад,  приходна шифра 718112, програма 1, подпрограма 10.

Потребните документи се поднесуваат во архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање, Плоштад Пресвета Богородица бр.3, кат 2.

  1. Крајниот рок за пријавување за полагање на испитот е до 15.03.2019 година.
  2. Првиот дел од испитот се закажува во понеделник 18.03.2019     година од 14:15-16:15 часот.
  3. Вториот дел од испитот се закажува во среда 24.04.2019 година.

Програмата за полагање на испитот, како и сите материјали може да ги најдете на веб страната на Министерството www.moepp.gov.mk