Министерство за животна средина и просторно планирање објавува оглас за ангажман на лица по пат на договор за дело за4 (четири) извршители во времетраење до 31. 12. 2019 година на следнава позиција:
1. Помлад соработник за подготовка на тендерска документација, Сектор за финансиски прашања – 1 извршител
2. Советник за подготовка на Националната Програма за усвојување на правото на ЕУ, Сектор за Европска Унија– 1 извршител
3. Помлад соработник за општи работи, Сектор за правни и општи работи
4. Помлад соработник за концесии, Сектор за води– 1 извршител
Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон (да се државјани на РМ, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолентен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност)
Посебни услови:
За работното место под број 1
Ниво на стручни квалификации квалификации VII/1 степен, 180 кредити
– aктивно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
– вид на образование –Економски науки, Организациски науки и управување
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
– работно време: понеделник – петок од 07.30/08:30 до 15.30/16:30 часот
– нето плата: 20.961,00
– со или без работно искуство во струката
За работното место под број 2
Ниво на стручни квалификации квалификации VII/1 степен, 240 кредити
– aктивно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
– вид на образование –Правни науки, Политички науки
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
– работно време: понеделник – петок од 07.30/08:30 до 15.30/16:30 часот
– нето плата: 24.998,00
– најмалку три години работно искуство во струката
За работното место под број 3
Ниво на стручни квалификации квалификации VII/1 степен, 180 кредити
– aктивно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
– вид на образование – Јавна управа и администрација, Правни науки, Политички науки
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
– работно време: понеделник – петок од 07.30/08:30 до 15.30/16:30 часот
– нето плата: 20.961,00
– со или без работно искуство во струката
За работното место под број 4
Ниво на стручни квалификации квалификации VII/1 степен, 180 кредити
aктивно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
– вид на образование –Економски науки, Правни науки, Организациски науки и управување (менаџмент)
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
– работно време: понеделник – петок од 07.30/08:30 до 15.30/16:30 часот
– нето плата: 20.961,00
– со или без работно искуство во струката
Заинтересираните кандидати потребно е да достават пријава (писмо за интерес), кратка биографија на македонски јазик, копија од диплома или уверение за завршено високо образование, доказ за познавање на трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), доказ за активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење, и доказ за работно искуство
МЖСПП се стреми да обезбеди правична застапеност на жените и малцинствата во сите нејзини активности, и ги охрабрува сите кандидати кои се заинтересирани и ги исполнуваат условите да аплицираат на овој oглас.
Пријавите со документите за исполнување на условите да се достават по пошта до Министерство за животна средина и просторно планирање, Плоштад Пресвета богоридица број 3 или лично во архивата на Министерството (Плоштад Пресвета Богородица број 3 кат 2), со назнака за оглас бр. 4/2019 година.
Рок на пријавување 3 дена сметано од денот на објавување.
Ненавремената и некомплетната документација нема да биде разгледувана. На интервју ќе бидат повикани само кандидатите што ги исполнуваат условите. Сите пријавени кандидати ќе имаат еднакви можности да бидат примени во согласност со нивните способности, образование и личен капацитет.