Министерствотo за животна средина и просторно планирање информира дека во Службен весник бр. 78 од 07.04. 2021г.е објавена ОДЛУКА ЗА ИЗБОР на проекти кои ќе се финансираат од дел III, точка 1 и точка 2 од Програмата за управуање со водите за 2021 година (Изградба на нови и одржување и унапредување на по стојните јавни водоснабдителни објекти и Регулација на водотеци заради заштита од штетно дејство на вода). Средствата во висина од 44.760.000,00 денари, соглано Одлуката, ќе бидат распределени на следните носители на Програми за проектите:
- ЈП Комуналец, Кавадарци, проект: „ Хлорни станици за н.м.Крњево и за н.м.Долна Бошава“
- Македонски Брод, проект: „Водоснабдителен систем во с.Драгов Дол“
- Богданци, проект: „Водоснабдување на с.Селемли“
- Берово, проект: „Реконструкција на водоснабдителна мрежа во с.Владимирово“
- Неготино, проект: „Реконструкција на водоводна линија на ул.ДимчеМирчев и ул.Душан Преграц-крак 2 Неготино“
- ЈКП Водовод, Кочани, проект: „Основен проект за препумпна станица за дел од системот висока зона на присок на град Кочани“
- Куманово, проект: „Основен проект за реконструкција на водоводна мрежа во град Куманово ул.Киро Фетак“
- Липково, проект: „Основен проект за водоснабдување на с.Никуштак“
- Зрновце, проект: „Резервоар за вода зависоказона с.Зрновци“
- Желино, проект: „Основен проект за водоснабдување на општина Желино III фаза Потисен и доводен цевковод“
- Карбинци, проект: „Регулација и уредување на речно корито Козјачка Река“
- Виница, проект: „ Регулација на Градечка Река“
- Крива Паланка, проект: „Регулација на минор корито Крива Река“
- Брвеница, проект: „Проект за инфраструктура за армирано бетонски канал и атмосферски води с.Горни Челопек канал 2“
- Делчево, проект: „Регулација на река Брегалница“
Во тој контекст, започнува потпишување на посебни Договори меѓу носителите на избраните проекти и Министерството за животна средина и просторно планирање.