На Годишната конференција на ОН: „Финансирање на Целите за одржлив развој во Северна Македонија: Кон поголемо усогласување на јавно и приватно финансирање со одржлив развој“ министерот Нуредини дискутираше за одржливите јавни финансии и за тоа како иновативните финансии, даноците и субвенциите можат да поттикнат поголеми инвестиции во одржливост.
– Цената на неактивноста во минатото, ги надминува трошоците за акција. Глобалната закана од катастрофи поврзани со климата, идните пандемии и други шокови го доведоа светот на развојот на финансиите до точка на пресврт. Приспособувањето на пазарите, политиките и однесувањата ќе бара проактивни интервенции од сите актери во синџирот на инвестиции – рече Нуредини.
Нашиот предизвик во воспоставувањето на финансиски инструменти за реализација на зелените политики е во:
•воспоставувањето на самоодржливиот систем за управување со отпад,
• енергетската инфраструктура и ефикасност заради справување со изворите на загадување,
•управувањето со водните ресурси,
•одржлив развој преку решенија засновани на природата.
МЖСПП соработува со другите министерства за воведување на нови иноватни пристапи, како што се воведување на зелени јавни набавки и зелени обврзниц, и овозможување на овие инвестиции.