Нуредини-Рахманин: Намалувањето на загадувањето на почвите бара интегриран пристап и поврзување на земјоделието и животната средина

Денешниот онлајн состанок на министерот Нуредини со регионалниот директорот на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) Владимир Рахманин беше фокусиран на зајакнување и продложување на соработката помеѓу двете институции.

Во разговорите се истекна поврзаноста на проблемите во животната средина со земјоделието. Тргнувајќи од фактот дека е потребен интегриран пристап и поврзување на двете области се разгледаа можностите за вклучување на ФАО во новиот програмски период на ЕУ ИПА 3 (2021-2027) , пособено во делот ЕУ за Преспа. Исто така, се зборуваше и за вклучување на ФАО во реализација на тековни и идни проекти на Глобалниот еколошки фонд и Зелениот климатски фонд. Министерот Нуредини како можност за заедничко делување ги истакна проблемите со загадување на почвите, индустриското загадување и можноста за користење и решавање на овие проблеми преку Зелениот климатски фонд со кој веќе имаме воспоставено соработка.

Nuredini_ZOOM