(16.09.2019г) Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денес во Приштина, Косово оствари работна средба со министерот за животна средина и просторно планирање на Косово, Фатмир Матоши. Во изјавата дадена на медиумите по состанокот, министерот Нуредини изјави:
– Задоволство ми е што денес сум во Приштина и што се сретнaв со мојот колегаМатоши. Се надевам дека од оваа средба ќе излеземе со низа иницијативи за плодна соработка меѓу двете соседни земји, затоа што – јас верувам, а сите ќе се согласиме – животната средина не знае за граници.
Министерот Нуредини нагласи дека Република Северна Македонија и Република Косовоги делат скоро истите проблеми со животната средина, загадувањето на воздухот, управувањето со отпадот, водата, природните ресурси, итн., и ја искажа својата длабока убеденост дека соработувајќи во правилното менаџирање со заедничките проблеми од областа на животната средина, стануваме уште поблиски како соседи, гледаме колку имаме заедничко и колку поголем бенефит имаме работејќи во партнерство. На крајот Нуредини изрази надеж за успешна идна соработка.